Фото: Промо

Искуство и младост во песна: Дадо Топиќ и Ана Петановска ќе снимаат дует

Музичката легенда и девојката со ангелски глас, за која Григор Копров изјави дека достојно ќе го замени Тоше Проески, ќе пеат дует. Искуство и младост, Дадо Топиќ и Ана Петановска, наскоро ќе снимаат песна.

Во минатиот век се случи евергринот „Принцеза“ (1984) и маестралниот дует на Дадо и Слаѓана Милошевиќ, а годинава, се шушка во музичките кругови- оваа исклучителна поп- рок балада, ќе го обележи времето пред неа.

Песната се вика „Бисери у твојим очима“ за која музиката ја напиша исто така музичка легенда, композиторот Григор Копров, текстот е на Душан Бачиќ а аранжманското решение е на Стефан Петановски.

Фото: Промо

Кога се создаваат големи нешта, кај сите постои возбуда, но најсреќна е Ана, која не ги крие емоциите:

„Многу се радувам, чувствувам инспиративна возбуда, едноставно, не ми се верува дека овој проектот наскоро ќе биде мојата реалност. Голема шанса за мене е да испеам песна заедно со Дадо Топиќ: растев со неговата музика, па овој дует е и голема одговорност и секако предизвик. Неизмерно сум му благодарна на Копров, кој ми ја даде шанста што за мене е ново искуство, уште повеќе ме сплотува со музиката, и ме прави пожива и поисполнета. Што се однесува до песната – кога ја слушнав ми поминаа морници, романтична е, и многу, многу моќна.“

„Бисери у твојим очима“ ќе се снима во студиото на Душан Бачиќ во Белград, а потоа ќе следат активности поврзани со промоцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот