Иско зад грб го оговара Зидан (ВИДЕО)

epa08539593 Real Madrid players Eden Hazard (L) and 'Isco' Alarcon (R) train on the sideline during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and Deportivo Alaves at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 10 July 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Победата на Реал Мадрид над Барселона во големото шпанско дерби, не ја смири ситуацијата во „кралскиот“ клуб.

Реал Мадрид западна во голема криза на почетокот од сезоната поради што беше доведена во прашање и тренерската позиција на Зинедин Зидан.

Наводно, по поразот од Шахтјор Доњецк на стартот од ЛШ, претседателот Флорентино Перез му дал ултиматум на Зидан дека мора да победи на наредните два натпревари.

На првиот, Ел Класико, Реал славеше на гостувањето кај Барселона, но пред натпреварот камерите го „фатија“ разговорот на фудбалерите на „кралскиот“ тим и ги снимија зборовите на Иско.

– Кога играм, ќе ме изнесе на полувреме или најдоцна по еден час игра. Кога сум резерва, ме уфрла во игра во 80 минута – им се пожали шпанскиот репрезентативец на своите соиграчи кои исто така сезонава се повеќе на клупата за резерви отколку што играат како Модриќ, Јовиќ, Марсело, Лукас…

ВИДЕО: Реал го освои „Камп Ноу“, сомнителен пенал и еврогол на Модриќ!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот