Иран не се согласува со извештајот на МААЕ за зголеменото производство на високо збогатен ураниум

EPA-EFE/STR

Шефот на иранската организација за атомска енергија го отфрли извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека производството на високо збогатен ураниум е нагло зголемено.

– Ние ги извршуваме нашите тековни активности во рамките на правилата, изјави Мохамад Еслами, јави денеска Иранската студентска новинска агенција (ИСНА).

Шефот на МААЕ Рафаел Гроси вчера ги информираше земјите-членки на организацијата за зголемената активност на Техеран. Производството претходно беше намалено во средината на 2023 година.

Иран ги соопшти своите планови за зголемено производство на крајот на ноември за своите капацитети во Натанц и Фордоу. Инспекторите на МААЕ потоа го потврдија производството за време на посетите на 19 и 24 декември.

Од крајот на ноември, на локациите се произведени околу девет килограми ураниум збогатен до 60 проценти чистота – во споредба со околу три килограми месечно претходните месеци.

За нуклеарна бомба потребно е збогатување до најмалку 80 проценти. Иранските власти постојано изјавуваат дека немаат намера да создаваат нуклеарно оружје.

Меѓународен договор од 2015 година го ограничува Иран на само четири проценти збогатување, но Иран почна да ги крши условите во 2018 година откако САД се повлекоа од договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот