Интер им ја „краде“ желбата на Реал и Барселона!? (ФОТО)

twitter.com/inter

Интер води битка за обезбедување на договор со Пјер-Емерик Обамејанг за чии услуги досега покажаа интерес и шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

На „Џузепе Меаца” се загрижени дека би можеле да се разделат со Лаутаро Мартинез, а тренерот на калчолигашот Антонио Конте посакува интернационалецот од Габон да го замени репрезентативецот од Аргентина.

Обамејанг сезонава е можеби единствената светла точка во лондонскиот клуб, досега на 14 одиграни премиерлигашки 14 натпревари има учинок од 10 голови.

Арсенал кој изминатиот период се раздели со менаџерот Унаи Емери, моментно се наоѓа дури на осмата позиција со 19 бодови.

Навивачите се незадоволни од негативната серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. В четврток нова шанса Арсенал да се врати на вистинскиот пат, негов ривал е тимот на Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот