Иницијатива „Мал шенген“: Нов граничен премин Лојане – Миратовац, One Stop Shop за Ќафасан

Духот на инклузивност и на добрососедските односи што го поттикнаа состаноците за унапредување на sоработката меѓу земјите од Западен Балкан донесе повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот е еден од заклучоците на третиот состанок за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан што денеска се одржува во Тирана.

На состанокот, како што соопштија од владата, е заклучено взаемната поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби да биде вклучена како уште еден столб во унапредувањето на соработката во регионот, и во таа насока во февруари во Белград, надлежните институции на секоја од земјите од Западен Балкан ќе го потпишат документот Протокол од Драч за соработка
на дирекциите за заштита и спасување.

На состанокот е соопштено дека наскоро ќе почне изградбата на новиот граничен премин Лојане – Миратовац, а царинските дирекции на земјава и на Албанија ќе го потпишат договорот за One Stop Shop за граничниот премин Ќафасан.

– Главната цел на овие One Stop Shop, односно гранични контроли со едно застанување наскоро да станата – Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување, и како придонес за остварување на оваа постапка ќе биде и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки. Во таа насока за истакнување се и неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА, за време на претседателството на Албанија, особено одлуката за автоматско признавање на овластени економски оператори, и унифицирањето на процедурите за работни дозволи за сите граѓани во сите држави во регионот – велат од Владата.

Лидерите на земјите учеснички и на оваа средба го реафирмираа ставот дека оваа иницијатива има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан, и дека таа е отворена за сите шест земји во регионот.

На состанокот во Тирана лидерите од Западен Балкан позитивно го оценија охрабрувањето на Европската комисија, на политичките и финансиските институции на ЕУ, на Регионалниот совет за соработка, како и на Светската банка, и другите приврзаници на европската перспектива на регионот за поддршката во спроведувањето на иницијативите што произлегоа од овој процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот