Иницијатива за геостратешка доминација – Кина, Русија, Пакистан и Иран ја зајакнуваат координацијата за Авганистан,

Исмаил Кан, ветеран на авганистанската војска во Херат/ Фoто: EPA-EFE/JALIL REZAYEE

Високи претставници од Кина, Русија, Пакистан и Иран се согласија да ја зајакнат комуникацијата и координацијата за прашањето на Авганистан

Кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши и иранскиот помошник министер за надворешни работи Сајед Расул Мусави постигнаа консензус на неформалниот состанок за Авганистан во таџикистанскиот главен град Душанбе.

Четирите земји треба да ја зајакнат комуникацијата и координацијата, да бидат едногласни, да направат позитивно влијание и да одиграат конструктивна улога во стабилизирањето на ситуацијата во Авганистан, се согласија шефовите на дипломатииите на овие држави

Земјите во регионот очекуваат новата авганистанска влада да биде инклузивна, антитерористичка и пријателска кон своите соседи.

Договорот на овие 4 земји во регионот на Азија се поистоветува со сојузништвото кое  пред неколку дена го промовираа  САД, Велика Британија и Австралија за геостратешка доминација во Пацифичкиот регион

Се смета дека Русија Кина САД и Пакистан сакаат со заеднички сили да воспостават целосна геостратешка доминација во Азија и така да го анулираат западното влијание особено откако неодамна САД цеосно се повлекоа од авганистан препуштајќки ја власта на Талибанците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот