Индискиот премиер се вакцинираше против ковид-19

Премиерот на Индија Наренда Моди денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирус произведена во земјата и ја истакна важноста на кампањата за вакцинација што почна во средината на јануари.

Луѓето постари од 60 години и луѓето над 45 години кои имаат одредени хронични здравствени проблеми сега можат да ја добијат првата доза во Индија, откако здравствените работници први беа вакцинирани.

Индија, која е втора по заразени со коронавирусот во светот, после САД, досега вакцинираше повеќе од 12 милиони медицински работници.

– Воодушевувачки е колку брзо нашите лекари и научници работеа на глобалната борба против ковид. Апелирам до сите што ги исполнуваат здравствените услови да се вакцинираат. Ајде заедно да ја направиме Индија слободна земја, напиша Моди на Твитер, објавувајќи фотографија како прима вакцина.

Индиската Влада минатата недела соопшти дека ќе им овозможи на граѓаните да избираат меѓу домашно произведени вакцини од компанијата Коваксин и британско-шведската АстраЗенека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот