Индиец сакал да направи селфи со лав во зоолошка, животното скокнало и го убило

Лав во индиска зоолошка / Фото EPA-EFE/PIYAL ADHIKARY

Маж во Индија се прекачил на ограда висока 7 метри во заградена зоолошка градина за да направи селфи со лав, по што животното скокнало и го убило.

38-годишниот Прахлад Гуџар вчера влегол во живеалиштето на лавот во зоолошката градина Шри Венкатесвара во државата Андра Прадеш и ги игнорирал предупредувањата од чуварот кој му рекол да не му приоѓа на животното.

Лавот го нападнал Гуџар пред чуварот да се обиде да го спречи инцидентот. Сега властите вршат обдукција на 38-годишникот за да утврдат дали тој во тој момент бил под дејство на алкохол. Во зоолошката градина има три лава: Донгалпур, Кумар и Сундари, пишува Дејли Мејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот