Има 47 килограми и се плаши од магаре: Погледнете го новиот миленик на Арнолд Шварценегер! (ФОТО)

Instagram
Фото: Инстаграм

Додека трае пандемијата од коронавирусот, Арнолд Шварценегер го зголеми бројот на свои домашни миленичиња.

По магаренцето Лулу и понито Виски, актерот се пофали дека во неговиот дом живее и кучето по име Дач.

Арнолд на Инстаграм објави фотографија со новото домашно милениче, а фотката е направена во неговиот двор.

– Запознајте го новиот член на семејството. Дач! Има десет месеци, наречен е по мојот лик од филмот „Предатор“, тежок е 47 килограми и малку се плаши од Лулу… Но, тие наскоро ќе бидат најдобри пријатели – напишал Арнолд.

Погледнете нивна заедничка фотографија:

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот