Или Русија да победи или да биде соборен Путин: Милановиќ прогнозира како ќе заврши војната во Украина

Foto: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Русија не смее да ја загуби војната, не може да си го дозволи тоа, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила. Единствениот начин што го гледам дека може да стави крај на оваа агресија против Украина е промена на власта во Русија”.

Ова денеска пред студенти во Сплит го изјави хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, кој притоа рече дека единствен начин да се запре агресијата врз Украина е да има промена на власта во Москва или Русија да победи во оваа војна.

Меѓутоа, рече тој, низ историјата имаме искуство како изгледа кога се менува власта во Москва.

-Како ќе заврши војната? Значи Русија мора да ја добие војната, од нивна визура таа мора да ја добие. Единствен начин да не ја добие е да ја сменат власта, а тоа нема да се случи без договор на САД, Велика Британија и Русија. Без нив нема договор, изјави Милановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот