Ибрахимовиќ повлече нога, Милан ќе има страшен тим наредната сезона

epa08533483 Ac Milan's Coach Stefano Pioli celebrate the victory with Ac Milan's defender Alessio Romagnoli at the at the end of the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Juventus Turin at the Giuseppe Meazza Stadium in Milan, Italy, 07 July 2020. EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

По договорот со Златан Ибрахимовиќ, тренерот Пиоли побара од управата да му донесе само двајца фудбалери и тоа од Фиорентина.

Повеќе нема дилеми, Златан Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор и ќе остане во Милан. Швеѓанецот на крајот ќе го добие тоа што го бараше, ќе има плата од 4.5 милиони евра и дополнителни и лесно остварливи 1.5 милиони евра во бонуси, со што ќе се израмни со голманот Донарума како најплатен играч на „росоњерите“.

Освен тоа, тренерот Стефано Пиоли кој се наоѓаше пред отказ, ја прероди екипата по тримесечната пауза и е награден со нов двегодишен договор, а згора на тоа доби ветување дека тимот ќе биде дополнително засилен.
Тоа што му беше ветено на несудениот негов наследник, Ралф Рангник, ќе го добие и Пиоли, тоа се околу 70 милиони евра за засилувања. Медиумите во Италија шпекулираат дека Милан целата сума ќе ја потроши за двајца играчи, Федерико Киеза и Никола Миленковиќ од Фиорентина.

„Виолетовите“ засега бараат 70 милиони евра само за Киеза, но свесни се дека ниту една екипа во светот нема да ја плати оваа сума и затоа се подготвени на отстапки.

Милан е подготвен покрај 70. милиони евра во Фиренца да го испрати Лукас Пакета и можеби младиот Калабрија во замена за Киеза и Миленковиќ и се чини дека оваа понуда е прифатлива за Фиорентина со што Милан во наредната сезона би бил еден од конкурентите за пласман во Лигата на шампионите, а можеби и ќе се вклучи во трката за титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот