И Шведска руши рекорди со новозаразените

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Шведска, чија либерална стратегија во борбата со пандемијата го привлече вниманието на светската јавност, регистрираше 1980 нови случаи на коронавирус на 27. октомври, што е највисок број од почетокот на пандемиајта, покажаа податоците на шведската агенција за јавно здравство во средата.

Претходниот највисок број на новозаразени во еден ден се случи на 23 октомври кога ги имаше 1870.

Службата за јавно здравство рече дека највисоките дневни бројки на новозаразени во текот на пролетта веројатно би можеле да бидат повисоки, но тоа не е забележано поради тогашното недоволно тестирање.

Шведска регистрираше и 9 нови смртни случаи со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 5.927.

Шведска има неколку пати повисока стапка на смртност по жител од нордиските соседи, но пониска од некои европски земји како Шпанија и Велика Британија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот