И покрај заканите за терористички напади, Aмериканскиот конзулат во Истанбул останува отворен

Конзулатот на САД во Истанбул останува отворен иако Германија, Велика Британија и Холандија ги затворија своите дипломатски претставништва по заканите за терористички напади во турската метропола.
Заменик-портпаролот на Стејт департментот изјави дека мисијата на САД во Турција објави неделава безбедносни предупредувања со информации за можни напади на терористи на верски места и дипломатски мисии на фрекфентни места во градот.
Тој додаде дека турските власти вршат истраги заради безбедносните предупредувања.
Во изминатите денови на социјалните мрежи имаше закани за напади во Истанбул, откако во некои европски главни градови минатиот месец имаше протести каде беше запален куранот.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од Анкара за влез во НАТО по протестите на антиисламските активисти и прокурдските групи во Стокхолм.
Ердоган со нов апел до Шведска и Финска: Предајте ги терористите ако сакате да влезете во НАТО