И покрај поделбите во партијата, Меџити ќе ја поддржи новата влада

Фото: „Слободен печат“

Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, денеска пред да влезе во Собрание, потврди дека имало несогласувања во партијата, не прецизираше со кого имаше спротивставувања, но дека сепак, целосно ќе ја подржи листата на предложените кандидати за министри во новиот владин кабинет.

-Имам мои забелешки за дел од извршната власт, сме дебатирале длабоко и кога ќе се сумира дебатата и аргументите за мене е последен зборот на претседателот на партијата, Али Ахмети. Не сакам јас да придонесам за да пропадне една Влада која има подршка од нашите партнери ЕУ и САД. Во демократијата е вредност да опстоиш до крај за своите ставови, и на крај одлуките на мнозинството треба да се почитуваат. Ќе гласам за оваа Влада заедно со моите забелешки за дел од Владата, изјави Меџити пред да влезе во Собранието каде денеска се одржува седница за одредување на бројот на потпретседатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот