И покрај кризата, нема да се укинат работните места економски директор на клиника
Годишната плата на економските директори на Клиниките изнесува колку денешната донација која ја доби Клиниката за Кардиологија. И покрај тоа, министерот Беким Сали не размислува да ги укине овие работни места дури ниту во време на економска криза, со каква што се соочува државата.
Препорачано
Укинувањето на работното место, економски директор е ветено уште во 2016 година, но се уште не е реализиран процес. Од друга страна пак, секојдневно се намалува бројот на доктори специјалисти.
– Има недостаток на кадар, дел се пензионираа, некои заминаа во странство и во приватниот скетор за повисоки плати. Јас тоа го оправдувам, вели министерот за здравство Беким Сали. Што се однесува до економските директори, нивното укинување нема да смени ништо во финансиското работење на ЈЗУ. Тоа што вие го нарекувате економски директор, со некоја реформа би било одговорен во сектор за финансии. Во последниве три години, вклучувајќи и период на пандемија се соочуваме со финансиски недобро планирани стратегии и буџети за Јавни здравствени установи кои што не се под влијание на поединци, менаџери или од Владата, туку се вонредни состојби, рече Сали.


