И ОВА ГО ИМА НЕГДЕ: Министерка оди на породување со велосипед, министер сам чека воз

На социјалните мрежи денеска беше споделена фотографија од актуелниот германскиот министер за транспорт Андрејас Шојер кој чека воз како и сите други граѓани сосема сам на железничка станица. Нема обезбедување, шофери, советници.

Минатата година исто така имаше интересен пример. Министерката за жени на Нов Зеланд на породување отишла со велосипед. Јули Ен Гендетр од Паријата на зелените, пред породувањето на  Иnстаграм постирала фотографија пред болницата.

„Убава недела за утринско возење велосипед до болница на породување за конечно да го добијам ова бебе. Тоа е тоа посакајте ми среќа. Со партнерот решивме да одиме со велоспипед бидејќи во автомобилот немавме доволно место за екипажот за поддршkа. Исто така возењето велосипед ме става во најдобро расположение“, напишала министерката.

Таа се породила во државна болница во 42 недела од бременоста, а искоментирала и  дека возењето не било толку тешко бидејќи патот во поголем дел бил надолнина.

Кај нас овие ситуации не се баш секојдневние. Нашите министри од оваа влада, но и од сите претходни влади сме навикнати да ги гледаме во скапи службени возила, а кога се движат по улиците се прави метеж, бидејќи се стопира сообраќајот за тие да поминат. Се паметат примери и кога шоферите и обезбедувањето им ги буткале количките додека пазарат во маркетите. Министерки трудни не сме имале, но затоа жените на министрите и пратеничките речиси редовно се породуваат во приватните болници. Запаметена ќе биде Боркица Груевска сопругата на поранешниот премиер Никола Груевски која двете деца ги роди во приватна болница.

Ние ќе бидеме држава каква што сакаме да бидеме кога и нашите министри ќе почнат да се однесуваат на овој начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот