И Хрватска освои златен медал во Токио

EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Хрватска се запиша во листата на освојувачи на медали на Олимписките игри во Токио благодарение на таеквондистите.
Првиот медал за Хрватска во Токио го обезбеди Матеа Јелиќ во категоријата до 67 килограми. Јелиќ се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал по победата од 25:22 во возбудливото финале против Британката Лорен Вилијамс.

Претходно 23-годишната таеквондистка од Хрватска ги победи Лорен Ли од Хаити (22:2), Милене Титонели од Бразил (30:9) и Американката Пеџ Мекфирсон која ја победи во полуфиналето и тоа со 15:4.

Во машка категорија до 80 килограми, Тони Канает го освои бронзениот медал. Хрватот во борбата за бронзениот медал го победи Никита Рафалович од Казахстан. Златниот медал во оваа категорија го освои Русинот Максим Храмцов по победата над Салех Елшарабати од Јордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот