И Евролигата се прекинува

Раководството на елитното европско кошаркарско натпреварување е блиску до одлука за прекин на натпреварувањето.

Се очекува конечната одлука за да се суспендира Евролигата да биде донесена во текот на денот. Ваквиот чекор е логичен поради ширењето на пандемијата на коронавирусот, а НБА лигата денеска по откривањето дека Руди Гобер е позитивен на коронавирус, го прекина натпреварувањето.

„Откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот, Евролигата е во консултација со екипите за да се донесе одлука за привремен прекин на сезоната во Евролигата, Еврокупот и младинските натпреварувања“, стои во соопштението на Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот