Хуавеј ќе почека за влез во Македонија!

„Ние сме најнова членка на НАТО, ќе се однесуваме согласно стандардите за безбедност на НАТО. Допрва ќе следуваат одлуки на институциите“, изјави премиерот Зоран Заев за Слободен печат.

Дел од договорот за кој американскиот претседател Доналд Трамп ги пофали српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Абдула Хоти со зборовите: „Со тоа тие ги направија своите земји, Балканот и светот побезбедни“ е токму договорните страни да забранат употреба на сомнителни 5G уреди поврзани со кинески компании.

Со оваа „пофалба“ американскиот претстедател Трамп најексплицитно упатува порака и до другите балкански држави да го сторат истото.

Оттаму се наметна прашањето дали и Македонија треба да ги следи препораките на САД, уште повеќе што таа е веќе членка на НАТО, за разлика од Србија и Косово кои тоа не се.

Ставот на премиерот Зоран Заев е прилично јасен:

„Ние сме најнова членка на НАТО, ќе се однесуваме согласно стандардите за безбедност на НАТО. Допрва ќе следуваат одлуки на институциите“, изјави премиерот Зоран Заев за Слободен печат.

Иако засега нема никаква законска пречка Македонски Телеком да набавува опрема од каде било и од било кого вклучувајќи ја и Кина со технолошкиот гигант Хуавеј, по потпишувањето на договорот за економска нормализација меѓу Србија и Косово, се повеќе се отвора прашањето дали оваа компанија ќе го добие тендерот на Македонски Телеком за набавка на опрема за 5Г мрежа.

По информацијата дека на тендерската постапка на Македонски телеком, која сè уште трае, прворангиран е токму кинескиот Хуавеј, македонските претставници во одборот го отвориле прашањето за можниот влез на Хуавеј во идната 5Г-мрежа. Ова оттаму што Владата на Северна Македонија е сопственик на 35 проценти од акциите на Телеком.

Амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Sуо за Слободен печат вели дека САД за да го ограничува и сузбива развојот на Кина,  злоупотребува разни изговори за незаконско санкционирање на кинески компании и дека Кина ќе преземе неопходни мерки за зачувување на легитимните права и интереси на домашните претпријатија и цврсто ќе ги штити меѓународните економски и трговски правила.

Прочитајте и...  Д-р Александар Стојанов: Сите што биле во контакт со Амди Бајрам на свадбата да бидат во изолација!

„Помпео и неговите луѓе вршат притисок врз другите земји и ги принудуваат да работат со нив и да го отфрлат Хуавеј. Ние сме цврсто против ова. Кина се надева на соработка со сите земји во областа на безбедноста на мрежата, вклучително и со Република Северна Македонија, не само во изградбата на 5Г мрежи, туку и во областа на мрежната безбедност“, вели за Слободен печат кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

И потсетува дека: „Хуавеј работи во Република Северна Македонија веќе 10 години и има взаемна доверба, взаемна корист и сигурна соработка со телекомуникациските оператори во Република Северна Македонија.“

Но, поделеноста во светот веќе постои. Значителен број водечки европски држави го поддржуваат ставот на САД дека треба да се обезбеди сигурноста на телекомуникациската инфраструктура, вклучувајќи и 5Г мрежата.

Состојбата дополнително се комплицира ако се знае дека Германија која е и мнозински сопственик на Македонски Телеком сè уште нема ваков став.

Канцеларката Ангела Меркел се противи на притисоците од страна на САД за откажување од воведувањето на 5г мрежата од страна на Хуавеј, кои во меѓувреме успеаја да ја премислат Велика Британија во истата намера.

Вашингтон и се заканува на Германија дека САД нема да го задржи истото ниво на соработка со разузнавачките агенции во федералната република, ако на Хуавеј или други кинески компании се овозможи да учествуваат во идната 5G мрежа. Во писмото се вели дека компании како телекомуникацискиот гигант Хуавеј може да ги загрозат безбедноста на комуникациските системи потребни за соработка во одбраната и разузнавањето.

Прочитајте и...  Експлозија и пожар на руски танкер, исчезнаа тројца морнари

Од друга страна пак Кинезите потсетуваат дека во моментов, Хуавеј има потпишано повеќе од 90 трговски договори ширум светот за употребата на 5Г технологии, од кои повеќе од половината се европски земји.

Засега Македонија не е под директен притисок за откажување на соработката со кинескиот гигант Хуавеј.

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз во изјава за порталот 360 степени вели:

„Северна Македонија има огромна можност да ги искористи придобивките од оваа новодоаѓачка дигитална економија денес, користејќи само доверливи произведувачи што би и помогнало на земјата и во иднина. Придобивките би биле финансиски – недоверливите производители кога тогаш ќе треба да се заменат, но би биле и подалекосежни зашто приватните податоци на граѓаните нема да завршат во рацете на кинеската комунистичка партија“, вели  амбасадорката Кејт Брнз.

За разлика од нас во Србија се крена прашањето дали овој договор со САД би можел да ги наруши односите меѓу Србија и Кина.

Неколку дена по потпишувањето на договорот српскиот претседател Вучиќ ја прими кинеската амбасадорка Чен Бо на средба на која ја информираше за договорот од Вашингтон и разговорите во Брисел.

Следеше свеченото го отворање на Хуавеј Центарот за иновации и дигитален развој во со седиште во Белград на кој присуствуваа премиерката на Србија Ана Брнабиќ и кинеската амбасадорка.

Брнабиќ најави дека во следните неколку месеци ќе бидат видливи многу проекти кои Србија ги подготвува со Хуавеј меѓу кои се воведување на вештачка интелигенција, воведување училници за компјутери и воведување на паметни градови, како три основни фокуси на соработка.

Прочитајте и...  Белоруската опозиционерка Тихановскаја оди во самоизолација

„Ги разбирам сите интриги во рамките на некои точки од договорот од Вашингтон, но нашата делегација немаше лесна задача. Претседателот Александар Вучиќ успеа да ја одржи вратата отворена со сите партнери, не ставајќи ја Србија во незавидна позиција да ги крши своите норми“, нагласи Брнабиќ за време на посетата Центарот за иновации и дигитален развој.
Таа рече дека веќе разговарала со претставниците на компанијата Хуавеи дека Србија мора да има отворен и транспарентен тендер за партнери, кога ќе дојде време за мрежата 5Г и дека не смеат да прават дискриминација против кој било партнер.

Доналд Трамп ја започна „трговската војна“ меѓу САД и Кина уште во 2018 година. Само по една година од почетокот на својот претседателски мандат отворено почна да се бори против Кина и нејзините, како што рече „нефер трговски практики“.

Лани во мај претседателот Трамп издаде извршна уредба со која се забранува употреба на телекомуникациска опрема од странски фирми што се сметаат за национален безбедносен ризик. Иако во уредбата тој не ја споменува Хуавеј, па дури и Кина, сепак, Министерството за трговија на САД објави „црна листа“ на субјекти каде стои името на Хуавеј.

За Хуавеј пошироката јавност најмногу дозна во 2016 кога оваа компанија започна да прави квалитетно дизајнирани паметни телефони што се продаваат со скромни цени. До 2018 година го зазеде второто место пред „Епл“ и веднаш зад „Самсунг“, па така успеа да влезе на пазарот во Соединетите Држави каде немаше пристап.

Поврзани вести

Подгорица ново жариште на коронавирусот: 168 новозаразени во Црна Гора, 112 се од главниот град

Слободен печат

ВИДЕО: Шефот на кабинетот на Трамп – „Нема да ја контролираме пандемијата, ќе има вакцина“

Слободен печат

Лавров во следните три дена ќе ги посети Грција, БиХ и Србија

Слободен печат

Нови 561 случаи на коронавирус, 22 лица починаа, 197 пациенти се оздравени

Слободен печат

Вучиќ: Трамп ќе ја дава вакцината бесплатно за пензионерите, ние бесплатно за сите

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Слободен печат

Остави Коментар