Пензионери во Германија/ Фото: Michael Gstettenbauer / imago stock&people / Profimedia

Хрватските пензионерски домови драстично поскапеа: „ќе купуваме вреќи и ќе спиеме во нив“

Корисниците во домовите за стари и изнемоштени лица во Сплит и Хвар, основани од Сплитско-далматинската жупанија, беа непријатно изненадени од драстичното зголемување на цената на и онака скапото сместување. Ова е зголемување од цели 40 проценти, односно од 150 до 200 евра по лице. Корисниците ги бараат своите права со петиција. Во интервју за ХРТ, Хелена Бандаловиќ од Управниот сектор за здравство и социјална заштита на СДЖ вели дека нема простор за намалување на трошоците, пренесува Н1.

„За жал, нема простор, зголемувањето на цените се случи од објективни и познати причини, платите и сите други трошоци се зголемени, а сплитско-далматинската жупанија не е единствена во ова“, рече таа. Бандаловиќ призна дека поскапувањата се значителни, но посочи и дека овие домови се сепак поевтини од приватните.

„Секако дека поскапувањето е значајно. Свесни сме за овие околности, но важно е да се нагласи дека оваа цена сè уште претставува половина, ако не и третина од цените во приватните домови“, рече таа.

„За сите оние кои се во послаба финансиска состојба и немаат можност за плаќање, Република Хрватска досега плаќаше и така ќе биде. Ништо не се менува за нив“, продолжи таа. „Не можеме така одеднаш да создаваме капацитети. Добивме 5,4 милиони грантови од ЕУ фондовите. Почнува изградбата на дом во Драгљани со капацитет од 120 корисници. Очекуваме работите да завршат во првата половина на 2026 година“, заклучи таа.

Дује Иванишевиќ мора да „создаде“ 200 евра до крајот на месецот доколку сака да остане во сплитскиот дом за стари лица. Одвај до сега му покриваше пензија од 600 евра.

„Ја продавам климата, немам друг избор. Ќе купам вреќа и ќе спијам во неа. Ми недостасуваат околу 180 евра месечно, а работев 40 години во добра фирма“, изјави Дује.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот