Хрватскиот премиер најави реконструкција на владата

Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ изјави дека ја добил поддршката на членовите на Претседателството и на Националниот совет на партијата за да направи реконструкција на Владата.

„Добив поддршка од членовите на Претседателството и на Националниот совет согласно мојата проценка да преземам се што е потребно за освежување во Владата, еден вид на реконструкција со цел амбициозно остварување на сите цели на програмата, квалитетно да се подготвиме за претседавањето со ЕУ, партијата да се консолидира и да се подготви за претседателските избори, да и дадеме цврста поддршка на Колинда Грабар-Китаровиќ“, рече Пленковиќ по состанокот на Претседателството и на Националниот совет на ХДЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот