Хрватска: Протести против насилство врз жените и девојчињата

Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Во Хрватска денеска се одржаа протести под мотото „Правда за девојчињата” иницирани од групно силување во Задар и како правосудните органи постапуваа по случајот.

Демонстрантите испратија порака дека неказнувањето на злосторства всушност е злосторство и оти жртвите на насилство во Хрватска не добиваат адекватна заштита.

„Во судските процеси страдаат девојчиња и жени. Бараме итно преместување на судењето од Задар и да се обезбеди правично судење. Бараме во државниот буџет следната година да има доволно пари за советување за сите жени жртви на насилство. Бараме и конечно да се укине категоријата сексуален однос без согласност. Силување е силување, а силувањето е злосторство“, беше истакната на протестот во Загреб, кој воедно беше и најмасовен.

Протести беа одржани и во Задар, Сплит, Осиек, Риека и во Пула.

Од август минатата година до јули годинава пет момчиња на возраст од 17 до 19 години повеќе пати групно силувале 15-годишно девојче. Тие и го снимале силувањето, а со снимките ја уценувале жртвата. Еден од насилниците и повеќе пати го претепал девојчето.

Хрватската јавност беше згрозена од насилството, но се разбесни кога осомничените против кои беше поднесена кривична пријава беа пуштени да се бранат од слобода.

Жупанискиот суд во Задар вчера ја прифати жалбата на Обвинителството и на петтемина им определил едномесечен притвор. Тие се обвинети за тешки казнени дела против сексуалната слобода, сексуален однос без согласност, блудни работи, закани, телесни повреди, искористување на деца за порнографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот