Хрвати нападнале Црногорци на ватерполо натпревар во Дубровник

Фото: Vaterpolo i plivački savez Crne Gore/FB

Репрезентацијата на Хрватска вчера загуби од Црна Гора со 15:13 по изведувањето на петерци во рамките од последното коло во групата А на Европското првенство во Дубровник.

Очекувано на трибините во базенот доминирале Хрватите, меѓутоа имало и една мала група на црногорски навивачи. Во момент кога групата навивачи од Црна Гора прославувале гол на својата репрезентација биле нападнати од несовесни домашни навивачи.

Безбедносните сили кои биле во салата веднаш реагирале и спречиле поголем инцидент. Хрватските медиуми пренесуваат дека за нападот биле уапсени четворица хрватски државјани кои ќе бидат изнесен пред суд и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир, како и предизвикување нереди. Еден од уапсените бил во видно алкхолизирана состојба.

Црна Гора од првото место во грпата А се пласираше во четвртфиналето, додека Хрватска остана на втората позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот