Храна која го стопира стареењето: Намирници против брчки, опуштена кожа и ретка коса

стареење жени
Фото: Профимедиа

Постојат различни можности за оние кои бараат проверена фонтана на младоста. Иако не можеме да ги избришеме брчките или да ги елиминираме подочниците, можеме да го спречиме стареењето почнувајќи од самиот почеток – својата исхрана.

Овие намирници се повеќе од самите антиоксиданти. Тие го забавуваат стареењето на мозокот и на телото, успешно се борат против првите знаци на стареењето, брчките, опуштената кожа и проретчената коса.

Зелка и семки. Овие намирници се голем извор на калциум и се добра алтернатива на млечните производи. Сите се свесни од потребата за зачувување на коските, затоа во својата исхрана додавајте и семки.

Спанаќ и брокула. Храната што го штити црниот дроб од токсини, тешки метали и маснотии воедно му помага на целото тело поделотворно да функционира. Впрочем, здравиот црн дроб резултира со бистрина на погледот и со затегната кожа. Темнозелениотзеленчук помага во одржувањето на здравјето на црниот дроб, а тоа во прв ред се спанаќот, брокулата и блитвата. Зеленчукот со помалку горчлив вкус е одличен извор на витамини, а неговата предност е тоа што не содржи шеќер. Познато е дека со молекулите на шеќерот се врзуваат и молекулите на протеините, а тоа резултира со опуштена и збрчкана кожа.

Зелен чај. Зелениот чај е моќен извор на катехин-полифенол, кој има силно антиоксидативно дејство.

Куркума (кари). Негова главна состојка е коренот на куркума, која содржи многу противвоспалителни состојки, кои помагаат во намалување на воспаленијата на зглобовите и го намалуваат ризикот од појава на сенилност.

Црната чоколада го чува здравјето на клетките. Црната чоколада содржи висока доза на антиоксиданти. Секојдневно консумирајте темна чоколада со минимална количина какао од 70 отсто и на тој начин ќе ја одржите вашата кожа еластична.
Мали лути црвени пиперки. Содржат многу каротеноиди и витамин Ц, кои ја одржуваат структурата на вашите клетки на кожата.

Грав. Гравот е богат со протеини, минерали и витамин Б, поради кои телото ќе ви биде благодарно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот