Хоти: Заедницата нема да се основа без заемно признавање

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави дека Заедницата е затворена тема и нема да има извршни овластувања.

„Заедницата е затворена тема со договорот од 2013 година што беше ратификуван во Собранието на Косово, а потоа е и договорот за принципи од 2015 година како и мислењето на Уставниот суд на оваа тема. Ги имаме сите гаранции и поддршка од нашите партнери дека ова Здружение нема да има извршни надлежности “, рече Хоти.

Тој на пресконференција по средбата што ја имаше со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак,  рече дека неговата влада влезе во процес на дијалог каде нема да се разговара за унитарниот карактер на државата.

„Кога влеговме во процесот на дијалог, ја отстранивме идејата за размена на територии и не се разговара за унитарниот карактер на државата, што значи дека нема асоцијација со извршни овластувања“, рече Хоти.

Шефот на косовската Влада  изјави и дека  Заедницата на српски општини нема да се основа без конечен договор со Србија.

„Сега, разговараме за конечниот договор за заемно признавање. Принципот согласен со нашите партнери и медијаторите на дијалогот е дека ние не се согласуваме за ништо, сè додека не се согласиме за сè. „Ништо не почнува да се спроведува се додека не се склучи конечниот договор со заемно признавање ратификуван во Собранието на Косово“, изјави Хоти.

 

„Српска листа“ се закани дека повторно ќе ја напушти косовската Влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот