„Српска листа“ се закани дека повторно ќе ја напушти косовската Влада

Новиот директор на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, по состанокот на претставниците на косовските Срби предупреди дека во случај Приштина да не ја спроведе обврската од бриселскиот договор, тогаш обврските на Србија од тој документ ќе престанат.

Тој рече и дека Србија сериозно ќе размисли повторно повлекување на Србите од косовските институции ако Косово одбие да се формира Заедница на општини со мнозинско српско население. Петковиќ побара од Европската унија да изврши притисок врз Приштина и да овозможи формирање на Заедницата како што е предвидено со Бриселскиот договор од април 2013 година.

„Нема да има договор за нормализирање на односите со Приштина пред формирањето на Зaедницата, а тој не е ниту на дневен ред, ниту дискутиран никаде. Србија нема да го признае Косово, а за возврат нема да добие ништо големо. Договорот мора да произлегува од дијалогот“, рече Петковиќ.

Актуелниот директор на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, кој е и новоназначениот амбасадор на Србија во Соединетите држави, смета Приштина се обидува да го уништи дијалогот и дека на Србија и претстојат тешки моменти.

„Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, работи одлично во поткопувањето на напорите за дијалог. Во иднина, Србија ќе се вклучи во дијалог“, рече Ѓrуриќ.

Само еден ден претходно косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека Косово нема да прифати дополнителни преговори за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

„Владата нема да прифати дискусија на оваа тема на преговарачката маса, но ќе ги почитува обврските од постигнатиот договор, кои потоа ги регулира Уставниот суд“, се вели во владиното соопштение.

Формирањето на Здружението се очекува да биде главна тема на денешната посета на специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак 

Пораките од ЕУ претходно беа дека Косово треба да пронајде модалитет за Заедницата на српски општини. Но, косовскиот претседател смета дека отворањето на темите за правата на заедниците и ЗСО, „кои се решени со пакетот на (специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти) Ахтисари“, претставува „голема и опасна грешка“ и ќе значи „репродукција на Република Српска на територијата на Косово“.

Уставниот суд на Косово во 2015 година по барање на Тачи утврди дека во 23 точки посветени на Заедницата од бриселскиот договор не се во согласност со Уставот на Косово, иако е наведено дека тие можат да бидат усогласени со правниот акт на Владата на Косово.

https://www.slobodenpecat.mk/tachi-bara-od-kosovskoto-sobranie-da-mu-zabrani-na-hoti-da-pregovara-za-zaedniczata-na-srpski-opshtini/.

Ѓуриќ: Хоти не може да побегне од создавање на Заедница на српски општини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот