Хоспитализирана добитничката на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади, една недела штрајкува со глад

Наргес Мохамади / Фото EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранската добитничка на Нобелова награда за мир Наргес Мохамади, која издржува казна затвор, е пренесена во болница на кардиолошки прегледи.

Како што јави ДПА, на почетокот на минатата недела таа почна штрајк со глад поради лошите услови во иранските затвори.

На Мохамади денеска и беше дозволено да го напушти затворот за да оди на лекување, се вели во пораката објавена на Инстаграм профилот на активистката, кој го одржуваат нејзините роднини во странство. Ден претходно уште еднаш ѝ беше забранет пристап до медицинска установа со аргумент дека не ја покривала главата со хиџаб, кој е задолжителен во Иран. Засега не е јасно дали таа ќе остане во болница.

Активистката (51), која е меѓу најпознатите ирански бранители на човекови права, издржува долга казна во познатиот затвор Евин во Техеран. Оваа година Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир за „нејзината борба против ограничувањето на правата на жените во Иран и нејзината борба да ги промовира човековите права и слободи за сите“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот