Хороскоп за недела 15 декември – Биковите треба да штедат пари, Скорпиите ќе се соочат со „правдата“

Овен

Очекувате да дојде до значителни промени на вашето работно место и вие да го најдете вашето место под сонцето, но во меѓувреме сепак се распрашувате за некои други можности за да не зависите целосно од оние кои постојано ви ветуваат нешто но никако да го исполнат.

Бик

Ова би можел да биде возбудлив ден за оние кои работните обврски не ги завршиле во текот на работните денови, така вашиот ден ќе биде исполнет со гужви, трчаници и борба со времето. Овој период ќе бидете чувствители кога станува збор за работата, мислите дека вашите шефови не го ценат вашиот труд доволно. Штедете пари, наскоро ќе се појави можност за добра инвестиција.

Близнаци

Вниманието ќе ви биде насочено кон финансиите и некакви сериозни акции и трансакции кои мислите да ги сторите или кон некакво вреднување на некакви нешта, можеби дури и личности, низ сериозни и конструктивни разговори или размена на информации. Во оваа смисла и едното и другото може да се комбинира поради сериозен разговор за некакви финансиски прашања со едниот родител. Исто така, вашата трудољубивост ќе биде во подем и тоа не само денес, туку и во следните неколку дена.

Рак

Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред. Имено, ако се од спиритуална, духовна природа, успешноста е речиси загарантирана, но ако се од материјална, успешноста рапидно опаѓа во зависноста од тоа колкава е вашата заглавеност во материјалноста.

Лав

Се обидувате да започнете некои нови нешта, нови активности, нови проекти или што било друго, но прв пат, а немате премногу искуство и опит за истите работи, па се потпирате на имагинацијата и креативноста, а убаво би било некого и да запрашате што е и како е, можеби ќе добиете и валиден совет, а можеби и конкретна помош. Можни се и некакви нови односи во вашата канцеларија, или откритие дека некој од вашите колеги веќе пораснал за да го третирате како дете. Одлични односи со блиските соработници.

Девица

Во овој месец ќе имате многу прилики и ситуации да ги задолжите луѓето и тоа навистина голем број од нив со пружање некаква помош, услуги, совети и да се здобиете со завиден рејтинг, почит и признанија, се разбира, работи кои ви конвенираат и ви одговараат. Морате да внимавате малку на вашите прехранбени и хигиенски навики но и стил на облекување, бидејќи и едното и другото директно влијае врз вашиот здравствен билтен но и врз вашето окружување во деловниот свет. Во овој период ќе почувствувате недостаток на пари.

Вага

Секојдневните обврски ќе ви бидат можеби насочени кон некакво документирање на настаните, пребарување по документи или правење на нови, создавање на извештаи, одлуки, решенија, се во зависност од тоа што работите и кои ви се професионалните активности. Од друга стана можни се и некакви „идеолошки” недоразбирања со претпоставениот, но политиката оставете ја настрана, особено ако сте од различни политички опции.

Скорпија

Денес можеби ќе се соочите со „правдата”, но тоа може и да не е по вас многу пријатно. Внимавајте на конспирациите и тајните кои секако ги имате, а посебно ако се работи за некакви „заговори” во кои учествувате против некого или против нешто, бидејќи имате можности за некакви компромитации, некој „ќе ве предаде” од работната средина. Можни се и некакви санкции, па затоа помислете каде и со кого учествувате во некакви тајни мешаници, бидејќи сето ова ќе се одрази на вашиот профит.

Стрелец

Ви претстои напорна работа но вие не се возбудувате многу за тоа бидејќи ви одговара чувството дека можете да се надминете дури и себеси и подготвени сте да влезете во многу комплицирана работа или да се приклучите во тимот на соработници кои имаат големи побарувања. Имате цел пред себе и сакате по секоја цена да го направите она што сте го планирале, без оглед на која возраст сте и со што се занимавате. Немате многу доверба во некоја Шкорпија која често ве критикува.

Јарец

На почетокот на денот ќе бидете добро расположени, но во текот на вечерта ќе дојде до промена. Постои можност да бидете малку нерасположени и плачливи без некоја посебна причина. Всушност вас ве совладуваат емоциите и не можете да приметите дека работата одлично ви оди, соработниците го ценат вашето мислење и компанијата во која работите се надева на вашата помош.

Водолија

Јасно ви е дека ќе мора да прифатите некои нови услови на работа бидејќи мислите дека немате друг избор. Не се откажувајте од планот за кој на никого не сте му кажале. Личноста која неодамна ја запознавте или со неа сте се зближиле не е искрена, особено ако е Бик, таа нема да ви ги открие деталите кои ви се потребни и кои се во ваш интерес.

Риби

Прашањата во врска со финансиите и приватниот бизнис стануваат многу приоритетни за вас. Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Најсигурни ви се Јарецот и Девицата. Една Шкорпија се надева на вашата помош или на заедничка соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот