ХОЛИВУДСКИ АКТЕР остана без својата сопругата, која ја загуби борбата со тешката болест

По шест години борба со рак на кожата, почина сопругата на холивудскиот актер, Вини Џоунс, Танја.

Танја Џоунс почина на 54 годишна возраст во нивниот дом во Лос Анџелес , потврди портпаролот на некогашната фудбалска ѕвезда , кој стана познат актер. Заедно имаа две деца.

,,Танја почина во семејната куќа окружена од Вини и двете ќерки, како и другите членови на семејството. Вини и семејството бараат приватност додека минуваат низ овој тежок период.” , се наведува во соопштението.

Во 2013 на Танја и бил дијагностициран меланом, рак на кожата . Таа на само 21 година преживеала трансплантација на срцето, а на два пати била лекувана од рак на грлото на матката.

Вини е познат по повеќе улоги во акциски филмови како што се “Snatch”, “Mean Machine” и “X-Men: The Last Stand”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот