Холандски воен авион Ф-16 сам се погодил за време на вежба

Холандски авион Ф-16 на некој засега несфатлив начин успеал да се погоди самиот себе со автоматско оружје во текот на воена вежба, објавија локалните медиуми цитирајќи извори од истрагата.

Армијата сè уште не може да утврди како точно се случил инцидентот.

Авионот Ф-16 претрпел сериозна штета откако бил погоден од проектил, за кој подоцна се покажало дека е од неговиот арсенал, објави холандски НОС.

Бизарниот инцидент се случил на почетокот од годинава и оттогаш е под истрага.

Како што пренесува „Раша тудеј“, голем број борбени авиони од американско производство учествувале во вежбата и гаѓале цели на земјата, кога еден од нив бил оштетен. Авионот слетал безбедно, а пилотот не бил повреден.

На фотографија од истрагата објавена од страна на холандските медиуми, можат да се видат оштетувањата на авионот предизвикани од проектилите. Наводно, оштетен е и моторот на авионот.

Засега не е познато колку проектили го погодиле военото летало, но барем еден дефинитивно оставил трага.

„Ова е сериозен случај, па сакаме да дознаеме што се случило и како, за да се спречат ваквите работи во иднина“, изјавил инспекторот за безбедност, Вим Баргербос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот