Холандија прогласена за делумно одговорна за 350 жртви во геноцидот во Сребреница

Фото: Профимедиа

Холандија е прогласена за делумна одговорна за смртта на 35 лца во геноцидот во Сребреница, извршен во јули 1995 година, објави денеска Врховниот суд на Кралството Холандија.

Жртвите од Сребреница, за кои е одговорна Холандија, биле протерани од холандскиот ОН баталјон на 13 јули 1995 година, по што биле ликвидирани во геноцидот.

Станува збор за конечна, правосилна пресуда на највисокиот судски орган во Холандија.

Претходно, Холандија беше прогласена за до 30 отсто одговорна за смртта на луѓето од Сребреница, со заклучок дека не е сигурно дека ќе преживеале дури и да останеле во базата на холандскиот баталјон.

Со таа одлука, Холандија беше ослободена од одговорност за жртвите од Сребреница кои не биле внатре во базата на холандскиот баталјон стациониран во Поточари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот