Хјустон пред голем проблем, „кралот“ Џејмс не пропушта ваков момент! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Како што се предвидуваше уште пред почетокот на сезоната во НБА лигата, најверојатно во финалето на Западната конференција ќе играат двете најголеми екипи од Лос Анџелес, Лејкерси и Клиперси.

Секако доколку не се случат изненадувања, а ги имаше само 12 такви во историјата на американскиот спорт). Доцна синоќа „езерџиите“ со 110:100 го совладаа Хјустон по третпат во серијата за 3:1.

Моќниот центар на ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис (27 години, 208 сантиметри) го користеше тоа што Рокетси оваа сезона има прилично „ниска екипа“ во која на теренот највисок беше Џеф Грин со 203 см.

Дејвис имаше „дабл-дабл“ учинок од 29 поени и 12 скока, Алекс Карусо додаде 16 поени, колку и Леброн Џејмс (15 скока, девет асистенции). Интересен е податокот кој вели дека „кралот“ Џејмс никогаш во кариерата не испуштил водство од 3:1 во серијата, а неговите клубови вкупно 13 пати биле во ваква ситуација, и во сите бил победник.

На спротивната страна Расел Вестбрук беше прв стрелец со 25 поени за „ракетите“, а Џејмс Харден имаше 21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот