Харден бега од Хјустон, одби 50 милиони долари по сезона

фото: твитер

Најдобриот играч на Хјустон рокетс и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џејмс Харден одби да го продолжи договорот со тимот од Тексас и да стане првиот играч во историјата на НБА лигата кој ќе има годишна плата од 50 милиони долари.

Според медиумите во САД, претставниците на Харден ја известиле управата на Хјустон дека нивниот играч сака да си замине од екипата иако добиле неверојатна понуда.

Станува збор за максимален договор кој е дозволен според правилата на НБА лигата, 103 милиони долари за дополнителни две години на неговиот веќе актуелен тригодишен договор кој ќе му донесе 133 милиони долари.

Но, иако се шпекулираше дека Харден ќе се пресели во Филаделфија сиксерс, популарната „брада“ е заинтересирана само за преселба во Бруклин нетс каде би им се приклучил на поранешниот соиграч и МВП на лигата, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг со што тимот би станал инстант фаворит за титулата.

Сепак, добар дел од медиуми се скептични дека на Харден ќе му се исполни желбата и ќе се пресели во Бруклин бидејќи Хјустон ќе бара премногу играчи во потенцијалната размена, а главен адут во тоа им е актуелниот тригодишен договор.


Џејмс Харден влезе во НБА лигата во 2009 година кога беше избран од Оклахома сити тандерс, а од 2012 година е член на Хјустон каде израсна во еден од најдобрите кошаркари на денешницата. Во 2018 година беше прогласен за МВП на лигата, а шест пати беше и избран во најдобрата петорка и последните две сезони е прв стрелев во НБА.

Експертите пронајдоа мана во неговата игра, тоа се успесите во плејофот бидејќи Харден никогаш досега не играл во финалето на НБА, а во штотуку завршената сезона тој и неговиот Хјустон беа елиминирани од шампионот ЛА Лејкерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот