Харадинај: Читаку, Рама и Тачи работеа на поделба на Косово

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај изјави дека Вљора Читаку, амбасадорката на Косово во САД, е една од повеќето луѓе кои работеле на поделба на Косово.

Харадинај пред новинарите кај споменикот на Захир Пајазити изјави дека Читаку на тоа работела заедно со Хашим Тачи како и со албанскиот премиер Еди Рама, пренесе телевизијата „Клан Косова“.

Тој додаде дека „оваа грешка не ги спречила и понатаму да бидат на тие функции”.

„Има многу функционери на Косово кои беа за поделба на територии и направија голема грешка… Вљора, претседателот Тачи, албанскиот премиер Рама и други“ изјави Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот