Харадинај: Безбедноста на Балканот не била покревка во последните дваесет години

Рамуш Харадинај
Рамуш Харадинај / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај му порача на актуелниот премиер Албин Курти дека неговата партија е подготвена за сојузништво со Владата, заради соочување со безбедносните предизвици со кои се соочува земјата, но и целиот регион, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фјсбук, Харадинај оцени дека безбедносната ситуација на Балканот е најкревка во последните повеќе од дваесет години.

– Информациите за безбедноста на Балканот никогаш не биле повознемирувачки во овие повеќе од дваесет години. Косово денес е соочено со големи предизвици кои се однесуваат на неговата иднина. Нормално, најголем предизвик е финалниот договор со Србија, кој по сé изгледа е влезен во својата завршна фаза, напиша Харадинај.

Поради тоа, вели претходникот на Курти на чело на косовската Влада, државата има потреба од политичко единство и затоа тој и неговата партија ѝ нудат сојузништво на актуелната Влада со цел „во политичката битка со Србија да се одбрани Уставот, интегритетот и суверенитетот на државата”.

– Косово денес повеќе од било кога има потреба од политичко единство, со цел едногласно да го одбрани својот интегритет. Јас и мојата партија, како и пратеничката група на ААК, сме подготвени во секо време и во секоја ситуација да бидеме сојузници на оваа влада и на овој премиер за во политичката битка со Србија да се одбрани Уставот, интегритетот и суверенитетот на државата. Притоа во ниеден момент не смеат да бидат загрозени правата на српското малцинство во Косово, напиша Харадинај.

Според него, „Косово денес го нема комодитетот на дебати ниту за повлекување, ниту за оставки, ниту пак за нови избори”. Во спротивно, вели поранешниот премиер, „тоа би се сметаало за дезертирање во однос на државниот и националниот интерес на Косово”.

– Владејачкото мнозинство треба да ги преземе одговорностите за решавање на отворените прашања. За внатрешни политички битки никогаш не е доцна, вели Харадинај.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот