Хаотичен старт на сезоната во Ф1, триумфот за Ботас

Првата трка во новата Формула 1 сезона која се возеше во Австрија ја завршија само 11 од 20 болиди колку ја започнаа трката пред се поради дефекти на болидите.

Со четири месеци задоцнување конечно стартуваше сезоната во Формула 1, а на првата трка триумфираше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.

На хаотичната трка, која повеќе личеше на комична поради честите откажувања поради технички проблеми на болидите, второто место го освои актуелниот шампион Луис Хамилтон но поради казната од пет секунди, тој падна на четвртото место, а на победничкиот подиум се искачија Шарл Леклер од Ферари и Ландо Норис од Мекларен за кого ова е прв подиум во кариерата.

Ботас кој стартуваше од пол позицијата, од самиот старт па се до финишот во 71. круг беше лидер и на крајот сосема заслужено славеше иако имаше голем притисок од неговиот клупски колега Хамилтон кого многу го чинеше грешката во борбата за позиција со возачот на Ред Бул, Александер Албон.

Судир помеѓу Хамилтон и Албон/фото:твитер

Тоа беше борба за второто место во самиот финиш од трката, Албон го нападна Хамилтон кој не му остави довилно простор на противникот и поради тоа дојде до контакт по кој младиот возач на Ред Бул заврши надвор од патеката.

Првата трка во новиот шампионат ја одбележаа многуте откажувања поради технички проблеми, а меѓу тие кој трката предвреме ја завршија се Макс Ферспатен од Ред Бул, Даниел Рикиардо од Рено, Ленс Строл од Рејсинг Поинт, Кевин Магнусен од Хас, Кими Раиконен од Алфа Ромео…
Наредната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на истата патека Ред Бул ринг наредната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот