ХАОС ВО ГРЦИЈА: Навивачите на Олимпијакос тепаа фудбалери на ПАОК

фото: фејсбук

Навивачите на Олимпијакос предизвикаа вистински хаос пред натпреварот со ПАОК. Група од 20-тина хулигани на Олимпијакос ги чекаше фудбалерите на ПАОК пред влезот во соблекувалните и ги нападна.

Во нападот се повредени двајца фудбалери, Карол Свидерски и Александрос Пахаликис биле удирани со тупаници, но за нивна среќа поминале без тешки повреди.

фото:фејсбук

Натпреварот почна со задоцнување поради нападот над гостинските фудбалери и на крајот заврши без победник 1:1, а Свидерски се најде во првиот тим на ПАОК и играше 66. минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот