Хаос на аеродромот во Дубаи додека во Обединетите Арапските емирати и Оман има смртоносни бури

Со авион од Дубаи екстрадиран криминалец, баран од албанската полиција и Интерпол/Фото: Полиција Албанија

Силен дожд ги зафати земјите од Персискиот залив, предизвикувајќи поројни поплави во кои загинаа 20 луѓе и ги прекинаа летовите на вториот најфреквентен аеродром во светот, пишува Би-би-си.

Меѓународниот аеродром во Дубаи информирал дека се соочува со многу предизвикувачки услови. Оттаму ги советувале патниците да не доаѓаат на аеродромот бидејќи пистите се преплавени со вода.

Во Оман, спасувачите пронајшле тело на девојка во Сахам, со што бројот на загинати во земјата се искачи на 19.

Повеќе од 270 летови до и од меѓународниот аеродром во Дубаи  се откажани, според податоците на една авио компанија.

Имаше уште 370 одложени летови, според последните податоци.

Од аеродромот, кој служи како главен центар за поврзување летови со секој континент, предупредуваат дека закрепнувањето ќе потрае некое време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот