Ханкок: Училиштата во Англија може да не се отворат и во септември

Фото: Епа

Британскиот министер за здравство Мет Ханкок изјави дека основните училишта во Англија може да не се отворат целосно дури и по септември, иако опаѓа заразата со коронавирусот во Велика Британија.

Ханкок на прес-конференција изјави дека „сегашниот план за работа” на Владата е основните училишта во Англија да се отворат најрано во септември. Но, се разговара и за опцијата за отворање по овој рок.

Некои локални власти се спротивставуваат на повторното отворање на училиштата, бидејќи сметаат дека ќе биде невозможно да се заштитат наставниците и учениците од вирусот, од кој во земјата починаа повеќе од 40.000 луѓе.

Министерството за образование соопшти дека има „амбиција” сите деца од основно образование да се вратат на училиште пред летните одмори, но не негираа дека оваа желба не може да се исполни.

Џеф Бартон, генерален секретар на Асоцијацијата на раководители на училишта и колеџи, рече дека не е изненаден од планот да се вратат сите ученици од основните училишта пред летните одмори.

– „Амбицијата” да се вратат сите основци еден месец пред летниот одмор е уште еден случај во кој владата ветува нешто што не може да се постигне, рече Бартон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот