Хан пристигна во Белград: Со Вучиќ разговарале за дијалогот со Приштина и оставката на Харадинај

Фото: Инстаграм

Еврокомесарот за проширување, по посетата на Скопје, денеска попладне пристигна во дводневна посета на Белград и веднаш по пристигнувањето се сретнал со претседателот Александар Вучиќ, пренесува Курир.рс.

Според овие информации, Вучиќ и Хан посебно разговарале за застојот во дијалогот меѓу Белград и Приштина и новосоздадената ситуација после оставката на премиерот на Косово Рамуш Харадинај.

Претседателот Вучиќ му се заблагодарил на Хан на разбирањето и ангажманот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, стои во соопштението на прес службата на претседателот на Србија, а пренесува Курир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот