Хамилтон вели дека тој возел добро, но автомобилот не чини

EPA, ALI HAIDER

Откако се пласира (само) на петтото место на трката во Бахреин, Британецот изјави дека дал се од себе зад воланот, но во моментов Мерцедес нема конкурентнен автомобил за подобар резултат

Возачот на Маерцедес, Луис Хамилтон, беше задоволен од својот резултат на трката за ГН на Бахреин на стартот на сезоната во Формула 1?!

Иако седумкратниот светски шампион сака многу повеќе одошто да заврши петти, тој е свесен дека Мерцедес сè уште нема автомобил за да победува на трка сезонава.

– Дадов апсолутно сè. Генерално сум задоволен од трката. Беше многу подобро од квалификациите и генерално сум среќен во однос на моите перформанси. Мислев дека тимот заврши одлична работа во однос на застанувањето во бокс, но за жал автомобилот не е конкурентен во моментот. Ни недостига потисна сила и мораме да работиме навистина напорно за да го додадеме тоа што побрзо. Навистина мораме масовно да притискаме за да се обидеме да ја затвориме таа празнина .

Инаку, во Бахреин победи Макс Верстапен, втор беше Серхио Перез, обајцата од Ред бул, а трет беше Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот