Халеп елиминирана од 116. тенисерка на светот

Надежите на Симона Халеп за освојување на титулата на УС Опен се урнаа уште во второто коло откако во три сета загуби од 116. тенисерка на ВТА ранг листата, Тејлор Таусенд со 6:2,3:6,6:7.
Случувањата од првиот сет не навестуваа некакво изненадување, четвртата носителка за само 32 минути го реши сетот во своја корист.

Но, Американката на стартот од вториот сет веднаш направи брејк и предноста успеа да ја задржи до крајот и да донесе изненадување во сетови.

Таусенд одлично го почна и третиот сет, при 3:2 направи брејк за водство од 4:2, а три гема подоцна, на свој сервис имаше две меч точки. Но тогаш дојде до израз карактерот на Халеп, успеа да ги спаси меч топките и да направи брејк. Победникот беше одлучен во тај брејкот кој Таусенд го реши во своја корист со 7:4 и обезбеди пласман во третото коло каде ја очекува уште една Романка, Сорана Кирстеа.

Тинејџерската сензација од Вимблдон, 15-годишната Кори Гоф продолжува да ги воодушевува фановите и на терените на Флешинг Медиус. Гоф со 6:2,4:6,6:4 ја совлада Тимеа Бабош од Унгарија и си обезбеди меч во третото коло со бранителката на трофејот и прва тенисерка на ВТА листата, Наоми Осака.

Кај мажите, вториот носител, Рафаел Надал без борба обезбеди пласман во наредната фаза откако Танаси Кокинакис поради повреда се откажа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот