ХАКЕРСКИ НАПАД: Се појавија приватни фотографии на принцот Хари и Меган
Хакираните фотографии се снимени на денот на венчавката на Хари и Меган во мај минатата година.
Приватните фотографии на принцот Хари и Меган Маркл се појавија на интернет откако бил хакиран компјутерот на Алексиј Лубомирски, фотографот кој соработува со нив.
[foogallery id=”35366″]
Фотографиите се појавиле на Твитер и на Инстаграм, а станува збор за оние во црно-бела верзија снимени на денот на венчавката на кралскиот пар минатата година.
Како што пишуваат странските медиуми, инцидентот со фотографиите предизвикал вистинска узбуна во Кенсингтонската палата, а кралското семејство веднаш започнало истрага за да спречи понатамошно објавување на свадбените фотографии.