ХАКЕРИ ВЛЕГЛЕ ВО СИСТЕМОТ НА ПАРТИЈАТА НА СЕБАСТИЈАН КУРЦ: Украдени 1.300 гигабајти податоци

Хакери/ Фото: ЕПА

Три и пол недели пред преверемените парламентарни избори во Австрија, Народната партија на Себастијан Курц (ОВП) соопшти дека е хакирана.

Партијата обелодени дека им се украдени 1.300 гигабајти податоци.

– Целта беше да се влијае на изборите и да се манипулира со нив – тврди Курц во изјава за виенскиот весник Естерајх.

Конкретно, станува збор за сервер во централната партија во Виена, а според информациите кои сега кружат, бил хакиран пристапниот налог на Курц.

Неофицијално, во ОВП се сомневаат дека зад нападот би можеле да стојат руски известувачки кругови, но и поддржувачи на претседателот на Турција, кои и во минатото вршеле сајбер напади на ОВП.

Курц рече дека официјално не сака да зборува за тоа кој би можел да стои зад нападот, како и дека ангажирал експерти кои стигнале до првите податоци за тоа како да го решат овој проблем.

Фото: ЕПА

„Хакерите на 27. јули за прв пат успеале да влезат во серверот на ОВП. Исто така на 11. август успеале да се инфилтрираат во мрежните компоненти и да ги компромитираат. Тогаш преземале контрола над администраторскиот налог“, истакнуваат од „Сајбертреп“, компанија го презема случајот за расветлување на хакерскиот напад.

Хакерите не само што украле огромна количина на податоци, туку и добиле можност да „прават што сакаат“, а на тој начин можеле да манипулираат со сите податоци и мејлови.

„Хакерите пет недели биле во системот на ОВП. Врската е прекината дури на 4.ти септември“, додаваат од оваа компанија, истакнувајќи дека таков напад чини многу и дека можеле да го спроведат само професионалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот