Хакери украле биткоини вредни 40 милиони долари

Хакерите украле биткоини вредни над 40 милиони долари од „Binance“, една од најголемите криптоберзи во светот, соопшти компанијата.

Според „Binance“, хакерите украле повеќе од 7.000 биткоини и користеле различни „пробивни“ методи, што се случи вчера.

Тие, исто така, беа во можност да украдат информации за некои корисници, како што се двофакторни кодови за овластување, кои се потребни за пристап до профилите на „Binance“.

Берзата успеа да ги следи украдените биткоини од едно портфолио, соопшти компанијата.

„Хакерите беа трпеливи и извршија добро подготвен напад преку бројни навидум независни сметки во вистинско време“, велат од „Binance“.

„Трансакцијата е структурирана да ги заобиколи нашите постоечки безбедносни проверки. За жал, не можевме да го блокираме ова повлекување пред да биде завршено. Откако се заврши, беа активирани разни аларми во нашиот систем. Потоа ги прекинавме сите повлекувања“, изјавија од берзата.

„Binance“ објави дека биткоините се повлечени од т.н. „жешки портфолија“, што опфаќа околу 2 отсто од сите биткоини.

Депозитите и повлекувањата од платформата „Binance“ ќе продолжат да се прекинуваат, но ќе се дозволи тргување.

„Binance“ исто така предупреди дека „хакерите се уште можат да контролираат одредени кориснички сметки и може да ги искористат за да влијаат врз цената“.

Од компанијата сепак најавија дека „целосно“ ќе ги покријат штетите по инцидентот и никој од корисниците нема да изгуби средства.

Нападот од хакерите доаѓа откако цената на биткоинот неодамна ја зголеми својата вредност. Цената на дигиталната валута порасна за околу 9% во последната недела, пишува „CNBC“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот