Гвардиола се откажа од титулата, за навивачите тој е измамник

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Натпреварите во Премиер лигата на традиционалниот „Боксинг деј“ го донесоа Ливерпул чекор поблиску до титулата. „Црвените“ го декласираа второпласираниот Лестер со 0:4, додека актуелниот шампион Манчестер сити доживеа шокантен пораз од Вулверхемптон од 3:2 и остана на третото место на табелата со 14 бодови помалку во однос на лидерот кој има и наптревар помалку.

Второпласираниот Лестер пак има 13 бодови помалку од лидерот Ливерпул, а еден од тренерите на конкурентите уште сега се откажа од трката за титулата.

– Готово е, ќе се бориме до крајот, но реално немаме шанси – изјави Гвардиола по поразот на неговиот тим кој најави дека Премиер лигата ќе остане главен приоритет на Сити, а не настапите во Куповите и во ЛШ.

– Не смееме да го смениме фокусот бидејќи нема да играме во Лигата на шампионите идната година – додаде Гвардиола.

Навивачите на Сити како главен виновник за поразот од Вулверхемтон го посочија токму Пеп Гвардиола.

„Тој е Емери кој се облекува во Зара“.
„По заминувањето на Артета, сите негови слабости ќе бидат видливи“:
„Измама, Клоп вложи многу помалку пари, ја освои ЛШ, а сега ќе го освои и првенството“.
„Како и многу пати досега се покажа дека Гвардиола нема план Б“.

Навивачите исто така му замеруваат на Гвардиола дека не е заинтересиран за иднината на клубот и дека на крајот од сезоната ќе ја искористи клаузулата во договорот и ќе си замине од „Етихад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот