Гвардиола: Ние сме легенди, следната сезона ќе видите каков генијалец сум

Пеп Гвардиола освои четири титули во Премиер лигата со Манчестер сити/ фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата изјави дека неговиот тим е специјален и ќе остане запомнет по добрите резултати.

Манчестер сити во последното коло со 3:2 ја совлада Астон Вила иако на 15 минути до крајот на средбата губеше со 0:2. Притоа порача дека својата генијалност ќе ја докаже идната сезона.

– Моментот кога го постигнавме голот смени сè. Не игравме во нормални „услови“, но мора да се истрпи и тоа. Ние сме легенди. Кога ќе ја освоите Премиер лигата по четврти пат во пет сезони тоа е бидејќи моите фудбалери се посебни. Следната сезона ќе имаме можност да направиме пет размени за време на натпревар и ќе видите каков генијалец сум – изјави Гвардиола.

Шпанецот денеска ја освои четвртата титула во Премиер лигата со Манчестер сити кој пат има шест шампионски трофеи во последните 11 сезони.

– Првата титула ја освоивме со голема разика, потоа ја освоивме благодарение на триумфот над Брајтон, па една освоивме без навивачи, и сега со нив. Така е најдобро – додаде Гвардиола кој потоа му упати комплименти на Ливерпул кој на крајот заврши на второто место на табелата со само еден бод помалку од „граѓаните“.

– Големината на нашиот успех е дефиниран од големината на нашиот противник. Никогаш не сум видел тим како Ливерпул, знам дека им е тешко, но им испраќам огромни честитки. Тие ни помогнаа да бидеме подобри.

Луда завршница во Премиер лигата: Манчестер сити со три гола за пет минути ја освои титулата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот