Гутереш: Туризмот во светот со загуба од 320 милијарди долари, под ризик 120 милиони работни места

Антониа Гутереш / Фото: МИА

Околу 120 милиони работни места во туризмот на глобално ниво се изложени на ризик поради пандемијата со Ковид-19, кажа денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, пренесе ДПА.

„Во првите пет месеци од оваа година, меѓународните туристички аранжмани се намалија за повеќе од половина и се изгубија околу 320 милијарди долари од извозот во туризмот”, се наведува во изјавата на Гутереш.

„Севкупно, на директен ризик се изложени околу 120 милиони работни места во туризмот,” додаде тој, пренесен од германската агенција.

Со општества во карантин, заземјени авиони и затворени граници во многу делови од светот, Гутереш посочи дека особено се загрозени земјите во развој, вклучуваји ги и оние во Африка.

„Падот на приходите доведе до зголемено ловокрадство и уништување на живеалиштата во заштитените подрачја и околу нив, а затворањето на многу места на светското наследство ги лиши заедниците од витален живот”, додаде генералниот секретар на ОН.

Тој, исто така, има негативен ефект врз жените, руралните заедници и домородните народи, рече тој, истакнувајќи ја важноста за обнова на секторот туризам, бидејќи вработува едно од секои 10 лица, додаде ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот