Гутереш ја отстрани коалицијата предводена од Саудиска Арабија од црната листа на ОН

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја отстрани воената коалиција предводена од Саудиска Арабија од црната листа на Обединетите нации, неколку години откако беше ставена на списокот поради убиства и повредување деца во Јемен.

Коалицијата уби или повреди 222 деца во Јемен минатата година, напиша Гутереш во годишниот извештај до Советот за безбедност на ООН. Тој рече дека бунтовниците Хути биле одговорни за 313 такви дела, а владата на Јемен за 96 и обете остануваат на црниот список.

Меѓутоа, Гутереш рече дека коалицијата ќе биде под надзор една година и „секаков неуспех” да се намали смртноста кај децата ќе резултира со повторно ставање на црната листа следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот