Гутереш: Дијалог со талибанците ќе спречи милиони смртни случаи

Антонио Гутереш
Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во интервју за Франс Прес побара од меѓународната заедница да одржи дијалог со талибанците во Авганистан, предупредувајќи дека мора да се избегне „економски колапс” што може да предизвика смрт на милиони луѓе.

– Мораме да одржуваме дијалог со талибанците, директно афирмирајќи ги нашите принципи – дијалог со чувство на солидарност со авганистанскиот народ, рече тој.

– Наша должност е да покажеме солидарност со луѓето кои страдаат многу и каде милиони ризикуваат да умрат од глад, додаде Гутереш.

Старо-новите лица во авганистанската влада, без жени и етнички малцинства, причина за разочараност кај меѓународната заедница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот